Страв од коронавирус: Погледнете како НБА ѕвездата се појавила на подготовките во Орландо

Точка

10/07/2020

19:45

2.250

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Фидалелфија, Џоел Ембид се појавил во Орландо, каде за 20 дена би требало да продолжи НБА сезоната, која во март беше прекината поради коронавирусот.

Ембид не препуштил ништо на случајот. Пандемијата во САД и натаму не е под контрола, а Ембид се заштитил со маска, ракавици и заштитно одело. 

Потсетуваме, 22 НБА тима најпрво ќе го одиграат завршниот дел од сезоната, а потоа 16 екипи ќе го остварат правото за настап во плеј-офот, по кој би требало да го добиеме шампионот на најсилната кошаркарска лига на планетата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг