ДУИ бара да гласаат и лицата кои ќе добијат решение за самоизолација и по 8 јули

Макфакс

10/07/2020

17:30

207

Големина на фонт

а а а

ДУИ бара Уставниот суд да ја суспендира уредбата на Владата според која право на глас ќе имаат само лицата кои ќе добијат решение за самоизолација до 8 јули.

„Само денеска имаме 205 нови случаи, помножете го со бројот на контактите, тоа е можна бројка од 2.000 граѓани на кои само денеска ќе им се негира правото на глас. Ако тоа го помножиме со деновите до избори, тоа значи дека околу 10.000 ќе немаат право на глас“, изјави Бујар Османи.

Затоа, додаде тој, како политичка партија упатуваме апел до Уставен суд да закаже вонредна седница за да донесе времена мерка за да се суспендира уредбата со која се ограничува регистрацијата на луѓето кои се во изолација само до 8 јули да имаат право на глас.

„И со одлука на ДИК или со одлука на Комисијата за заразни болести да им се овозможи во меѓувреме на лицата кои се во самоизолација да направат тест и доколку имаат негативен резултат да може в среда да гласаат, за на сите граѓани да им се овозможи правото на глас, за утре никој да не го спори легитимитетот на изборниот процес“, рече Османи.

Според уредбата на Владата, лицата кои ќе добијат позитивен тест за Ковид-19 и ќе им биде дадено решение за самоизолација од 8 до 13 јули нема да може да се пријават и да гласаат на парламентарните избори на 15 јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг