Бреша и откри на јавноста колку килограми е здебелен Балотели

Дерби

10/07/2020

16:16

2.282

Големина на фонт

а а а

Марио Балотели сигурно нема да биде дел од Бреша наредната сезона, па сега се чека само крајот на оваа натпреварувачка кампања за официјален крај на соработката меѓу двете страни.

Бреша има само теоретски шанси за опстанок во елитата и нависитна минорни се шансите дека ќе опстане во Серија А, а клубот одлучи дека сезоанта ќе ја доигра без најголемата ѕвезда во тимот која со своето однесување одново го навлече гневот кај одговорните луѓе.

Претседателот Челино го осуди однесувањето на Балотели, но сега клубот отиде чекор подалеку, па во ситуација кога играчот е отстанет од првиот тим, се направи една ревизија на неговата килажа.

Бреша сподели дека Балотели има прекумерна тежина во овој момент, односно наместо идеалните 92 килограми, има речиси 100 килограми.

Италијанскиот клуб на овој начин стави до знаење дека „Супер Марио“ е потежок осум килограми од идеалната тежина, со што и официјално ја продолжи „војната“ со напаѓачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг