Аја Софија повторно станува џамија: Поништена историска одлука

Точка

10/07/2020

16:03

3.099

Големина на фонт

а а а

Турскиот државен совет ја поништил одлуката на Кемал Ататурк од 1934-та година, според која славното здание Аја Софија е претворено во Музеј.

Ова здание во Истанбул сега повторно ќе биде џамија. 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предложил на славната градба под заштита на УНЕСКО од шестиот век да и биде вратен статусот на џамија.

Овој потег предизвикал загриженост меѓу службениците од САД, Русија и Грција, како и меѓу православните свештеници, додека се чека на одлуката од Врховниот суд на Турција.

Овој суд минатиот четврток одржал сослушување за да ја утврди законитоста на одредбата донесена во 1934-та година од страна на тогашниот претседател на Турција Мусфата Кемал Ататурк, со која Аја Софија добила статус на музеј.

Турски службеник за "Reuters" изјавил дека очекува дека судот во петок ќе донесе одлука за поништување на одредбата на Ататурк. Исто мислење застапува и службеник од владејачакта Партија за правда и развој.

Здружението кое поднело барање за преиспитување на одлуката на Ататурк тврди дека Аја Софија е во сопственост на отоманскиот султан Мехмед Втори Освојувачот, кој во 1453-та година го освоил градот, тогаш познат како Константинопол, и византиската црква, во тоа време стара 900 години, ја претворил во џамија.

И покрај тоа што некои странски службеници и православни свештеници се противат на тоа, групи во Турција долго време за заложуваат за претворање на Аја Софија во џамија, наведувајќи дека таквиот статус на оваа славна градба подобро би го рефлектирал фактот дека во оваа земја живее претежно муслиманско население.




Спонзорирани линкови

Маркетинг