Изјавата на Зидан која јасно докажува дека еден играч е на „црната листа“

Дерби

10/07/2020

13:30

2.606

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан е на добар пат да го врати Реал Мадрид на врвот на шпанскиот фудбал, бидејќи ако победи вечерва против Алавес, „кралевите“ на три кола пред крајот ќе имаат позитива од четири бода на табелата.

Францускиот стручњак успеа да ги подреди коцките иако на стартот на сезоната изгледаше дека тоа е невозможна мисија, па по почетокот во кој Зизу добиваше и многу критики, сега навистина се изгледа како „под конец“, барем кога е компактноста во прашање. Реал многу ретко прима голови и со својата цврста игра трпеливо ги „крши“ противниците во последно време, а добрата серија на резултати беше проследена и со една ситуација која повеќе од јасно не му се допаѓа и на Зидан.

Хамес Родригез самостојно побара да не биде дел од тимот на мечот со Атлетик Билбао, па по се изгледа, Колумбиецот веќе го одигра својот последен меч за Реал, бидејќи со својот потег го навлече гневот кај Зизу кој не ни сакаше да коментира ништо за офанзивниот играч за врска.

– Сите знаете што се случи на претходниот меч и немам ништо што да кажам. Едноставно ќе видите дали ќе го има на листата и тоа е тоа, – изјави Зидан на вчерашната прес-конференција.

Неколку часа подоцна, тренерот на Реал не го вметна Хамес во листата на фудаблери за мечот со Алавес кој се игра вечерва, што е јасен сигнал дека Родригез е на „црната листа“ и дека крајот на сезоната ќе значи и негов крај на „Бернабеу“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг