„Црвените ѓаволи“ поставија нов рекорд во Премиерлигата

Макфакс

10/07/2020

10:48

1.754

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и против Астон Вила ја продолжија серијата на успешни резултати. „Црвените ѓаволи“ имаат низа од 17 натпревари без пораз, на 12 од нив не примиле гол.

Со победата од 3:0 во дуелот со Астон Вила екипата на Оле Гунар Солскјер постави нов рекорд во Премиерлигата. Дуелот во Бирмингем беше четвртиот по ред кој Јунајтед го добија со најмалку три гола разлика.

##https://twitter.com/klau_khan/status/1281364445457985536?s=20##

Сепак прашање е како ќе се одвиваа работите доколку во 29 минута не добиеја подарок во вид на пенал. Дуелот на Конса и Бруно Фернандеш во кој играчот на Јунајтед згазна на ногата на противникот, за судијата тоа беше доволно да досуди пенал.

И покрај анализите дека Фернандеш бил играчот што направил прекршок, тренерот Солскјер смета дека одлуката на судијата била исправна, а својот фудбалер го споредил со легендите на светскиот фудбал.

„Доколку стартуваш врз мене, а јас во тој момент скокна и слетам на твојата нога, мислам дека фаулот е за мене. Фернандеш направи пируета во стилот на Зидан или Марадона, слте врз противникот, мислам дека беше пенал“, рекол Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг