Снимката од необичното суштество ги избезуми луѓето: “Знае ли некој што е тоа?”

Точка

10/07/2020

21:40

9.917

Големина на фонт

а а а

Американка која за време на прошетка во природа наишла на чуден вид суштество со долги екстремитети се обратила за помош на “TikTok”. Таа прашала дали некој знае повеќе детали за животното кое го пронашла во Невада.

Корисничката на “TikTok” со прекар “stinkyeyescrappy” го споделила видеото минатата недела, со прашањето дали нејзините следбеници знаат што би можело да биде ова “мало суштество кое наликува на гуштер”. 

Некои искоментирале дека личи на вонземјанин, додека други се шегувале дека станува збор за лик од “Star Wars”. Имало и такви кои се обиделе да пронајдат повеќе информации за животното на “Google”, но тоа не им успеало.

“Дали е ова реално? Пребарував на “Google”, но не успеав да најдам одговор”, искоментирал еден корисник.

Видеото добило повеќе од половина милион лајкови, а го искоментирале повеќе од 16 илјади луѓе.

Некои се посомневале дека суштеството е вистинско и сугерирале дека станува збор за детска играчка.

“Изгледа како еден од оние пластични гуштер кои се фрлаат на ѕид”, гласи еден таков коментар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг