Голем раст на новозаразени во Грција! Половина од заразаните се туристи, нови мерки можни од понеделник

Точка

09/07/2020

20:14

2.902

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа во Грција се потврдени 50 нови случаи на Ковид-19, од кои речиси половина меѓу патниците кои влегле во Грција преку копнен и воздушен пат, било соопштено од Националниот институт за јавно здравје, пренесува "ANA".

Големиот пораст на новозаразени е регистриран на северот на Грција, по шест во Солун и Санти, еден на Халкидики и седум во Атина. 

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас рекол дека властите во Атина "се одлучни да го заштитат мнозинството од несериозното малцинство". Рекол дека владата можеби во понеделник ќе објави нови ограничувања, ако биде потребно, пренесува "Екатимерини".

Пекас рекол дека властите се фокусирани на се поголемиот број на случаи во околните балкански земји и туристите кои патувале во Грција преку копнената граница со Бугарија.

Според официјалните податоци, во Грција досега се потврдени 3.762 случаи, а вкупниот број на загинати е 193.



Спонзорирани линкови

Маркетинг