Исчезнатиот градоначалник на Сеул пронајден мртов

Точка

09/07/2020

19:15

1.845

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејската полиција претходно соопштила дека градоначалникот на Сеул исчезнал и дека по него се трага.

Градоначалникот на Сеул, Парк Вон-Сун, е пронајден мртов, пренесува јужнокорејската агенција "Jonhap". 

Полицијата го пронашла неговото тело во северниот дел на Сеул, во близина на местото каде последен пат бил детектиран сигнал од неговиот мобилен телефон во текот на потрагата по него, наведува "Jonhap".

Јужнокорејската полиција претходно соопштила дека градоначалникот на Сеул исечзнал и дека по него се трага.

Неговата ќерка повикала полиција и рекла дека нејзиниот татко исчезнал, навел извор од полицијата кој сакал да остане анонимен.

Ким Ји Хјеонг, службеник од градската влада на Сеул, рекол дека градончалникот денес не се појавил на работа, не наведувајќи ја причината, и дека ги откажал сите планирани настани, пренесува "AP".

Парк, долгогодишен активист и адвокат за човекови права, е избран за градоначалник на Сеул во 2011-та година, а последниот, трет мандат, го освоил во јуни.

Бил член на владејачката Либерлно-демократска партија и сметан е за можен кандидат на претседателските избори во 2022-ра година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг