СЗО потврди: Пренесувањето на короанвирусот преку воздух е можно во текот на овие постапки

Точка

09/07/2020

20:40

4.498

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација денеска соопштила дека пренесувањето на коронавирусот преку воздух може да се случи и преку медицински постапки, во текот на кои се ослободуваат аеросоли.

Агенцијата навела дека некои извештаи за пандемијата кои се однесуваат на пренатрупани затворени простории, покажале дека постои можност за пренос на аеросоли, во комбинација со трансмисија на капки, во случаи како хорски проби, во ресторани или на часови по фитнес, пишува "Reuters". 

Аеросолите се цврсти честички или мали течни капки настанати од чад, прашина, летечки пепел и кондензирани гасовити супстанци, кои може да се најдат во атмосферскиот воздух.

Светската здравствена организација признала во вторникот дека се појавуваат докази за пренос на Ковид-19 преку воздух, откако 239 меѓународни научници укажале на таква можност.

Стотици научници тврдат дека постојат докази дека малите честички на новиот коронавирус во воздухот може да ги заразат луѓето и ја повикуваат Светската здравствена организација да ги ревидира препораките.

Ставот на СЗО досега бил дека вирусот се пренесува преку капки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг