Рускиот семеен психолог Екатарина Мурашова спровела експеримент во кој учествувале 68 доброволци, деца на 21-от век. Испитуваните услови подразбирале 8-часовно препуштање исклучиво на самостојна забава и време поминато без мобилен телефон, интернет или било кој медиум. Резултатите потполно ги надминале очекувањата и појдовната хипотеза на експериментот.
Екатарина претпоставила дека миленијалците се премногу анимирани, но не очекувала толку загрижувачки исход.
Мурашова сакала да ја провери својата хипотеза дека денешните тинејџери не знаат да бидат сами со себе и своите мисли и дека не можат да издржат без постојана стимулација на сетилата и анимирања.
Вкупно 68 деца од 12-18 години се согласиле да бидат 8 часа без никакви медиуми. Било дозволено да прават било што во самотија, со што би си го исполниле 8-часовното време.
На општо запрепастување, резултатите биле алармантни - само тројца успеале да го завршат експериментот: две девојчиња и едно момче. Некои учесници имале самоубиствени мисли, интензивни напади на паника и страв.
Тие чувствувале мачнина, топлотни бранови, вртоглавица и речиси сите имале изразена анксиозност. 10 од нив издржале повеќе од 3 часа додека сите останати се откажале во првите 2 часа и во истиот момент посегнале по мобилните телефони.
Експериментот покажал екстремна зависност од забава и постојана стимулација.
Се утврдило дека девојчето кое издржало до крај имало силен натпреварувачки дух, но било преплавено од страв и доживеало парализирачка нестабилност на мислите. Од 68 учесници, само двајца успеале да останат мирни со своите мисли и да го организираат времето.