Уапсен руски гувернер, маскирани агенти го ставиле во комбе: "Голема опомена за опозицијата од Путин?"

Точка

09/07/2020

18:32

2.260

Големина на фонт

а а а

Сергеј Фургал, гувернер на Кабаровската област на рускиот Далечен исток, е уапсен под сомнение за убиство и обид за убиство, јавува "Tass".

Како што наведува рускиот Истражен одбор, тој бил уапсен во врска со истрагата во повеќекратниот случај против организирана криминална група, која е осомничена за убиство и напади на деловни луѓе во областите Кабаровск и Амур во 2004-та и 2005-та година. 

Апсењето го потврдила и прес службата на Фургал.

"Гувернерот на Кабаровската област, Сергеј Фургал е уапсен утрово во близина на својот дом. Немаше време ни да сврати во канцеларија и да го именува наследникот на местото гувернер", се наведува во соопштението на прес службата.

Сергеј Фургал бил изнесен од својот автомобил од маскирани агенти и бил внесен во комбе, како што може да се види на снимката на Истражниот одбор, рускиот пандан на американското ФБИ.

Осомничен е дека од 2004-та до 2005-та година наложил ликвидација на повеќе деловни луѓе и ако биде прогласен за виновен, би можел да добие доживотна казна затвор.

Агенцијата не наведува детали од наводните злосторства, но потврдила дека во врска со тој случај претходно биле уапсени четворица припадници на група организирани криминалци, и дека лицата вклучени во убиството дале докази против Фургал.

Фургал, член на Либерално демократската партија и поранешен пратеник, бил многу омилен во споменатиот пацифички регион каде ја освоил власта во 2018-та, победувајќи ја партијата Обединета Русија, која ја поддржува претседателот Владимир Путин.

Иако и ЛДРП е поддржана од Путин, победата на Фургал била гледана како удар за владејачката партија.

Политичкиот аналитичар Абас Галијамов, смета дека апсењето на Фургал претставува предупредување за опозициските партии, кои на регионалните избори во јули ќе се спротивстават на владејачката партија,

Лидерот на ЛДРП, Владимир Жириновски, се заканил дека неговата партија и сојузниците во знак на протест да излезат од парламентот.

"Ви го дадовме уставот, а вие ни ставате лисици", рекол Жириновски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг