Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Макфакс

09/07/2020

18:04

2.575

Големина на фонт

а а а

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже.

Од полицијата информираат дека чаршавот бил пуштен помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотелот.

„По проверка во собите од полициски службеници било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција“, велат од МВР.

Двајцата пред неколку дена биле фатени поради криумчарење на мигранти, но потоа се спроведени во карантинн бидејќи едниот имал позитивен тест за коронавирус.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг