Германците се откажале од Бог: Плаќаат да ја напуштат црквата, изгубиле половина милион верници

Точка

09/07/2020

17:17

1.878

Големина на фонт

а а а

За една година половина милион Германци одлучиле и официјално да ја напуштат црквата, пишува италијанската агенција "AGI", наведувајќи дека еднаков број на католички и евангелистички верници, по 250.000, се "испишале" од црквата.

"Бројот е импресивен, тоа е како да имате град со големина на Хановер или Дрезден во кој наеднаш сите граѓани одлучуваат дека повеќе не сакаат да бидат верници", вели еден од најпознатите експерти за црковни прашања во Германија, новинарот Тилман Клајнјунг. 

Според неговите зборови, станува збор за "вистински егзодус и луѓето чувствуваат потреба не само да се одалечат од црквата, туку и да имаат официјална потврда дека повеќе не припаѓаат во неа".

Во Германија оние кои повеќе не сакаат да учествуваат во црковниот живот мора да пополнат едноставен формулар, да уплатат симболична сума на пари и тоа се смета за "испишување од црквата".

"Тоа што црквите имаа финансиски афери и скандали со злоупотреба, не само што го оштети нивниот имиџ, туку и на многумина им го олеснува напуштањето", вели Клајнјунг.

За причините за напуштањето на црквата, членот на Централниот комитет на Католичката црква во Германија, Томас Штернберг вели дека луѓето и го вртат грбот на црквата бидејќи се лути, поради реформите кои требало да се направат, а не биле направени, и затоа што повеќе не и веруваат на црквата.

Бискупот од Вирцбург, Франц Јунг, тврди дека "црквата повеќе треба да се заминава со реални проблеми, да се занимава со прашања кои предизивикуваат очај кај луѓето и да признае дека имало грешки, како на пример сексуално злоставување.

Претседателот на Советот на Германската евангелистичка црква, Хајнрих Штром вели дека црквата не може да чека луѓето да се вратат.

"Мораме излеземе надвор, каде се одвива секојдневниот живот, црквата мора да ги отвори рацете, да биде на местата каде што ситуацијата е итна, мора да се мешаме, да протестираме и конкретно да помагаме, на пример ако бегалците се дават во Средоземно море, а сите само стојат и гледаат", вели Бедфорд Штром.



Спонзорирани линкови

Маркетинг