Рускиот центар за помирување предупредува дека во Сирија се лажираат хемиски напади

Макфакс

09/07/2020

16:37

1.172

Големина на фонт

а а а

Терористите направиле најмалку 15 импровизирани експлозивни направи полни со непознати супстанции, со цел да извршат лажни хемиски напади во населените места во Сирија, изјави Александар Шчербицки, шеф на Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, пренесува ТАСС.

„Според разузнавачките податоци, милитантите изработиле најмалку 15 импровизирани експлозивни направи кои се наполнети со непознати токсични материи во специјалната лабораторија лоцирана во градот Сармада“, откри Шчербицки.

Според дојави од локалното население, додаде тој, терористичката група Хајат Тахрир ал-Шам планира провокации во населените места Сфухон, Фатира и Флајфел во провинцијата Идлиб, со цел да се обвинат владините сили за употреба на хемиско оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг