Германците признале: Рускиот "S-500" е години пред западните системи за противвоздушна одбрана

Точка

09/07/2020

16:50

1.710

Големина на фонт

а а а

Рускиот систем за противвоздушна одбрана "S-500 Prometej" по своите технички карактеристики е 15-20 години пред сличните западни системи, пишува германскиот портал "Фокус".

"S-500 Prometej" е способен да уништи сателити, хиперсонични ракети и други закани на небото и на вселената, пренесува порталот. Таканаречените "невидливи авиони" исто така ќе бидат лесна мета за најновиот руски систем, потсетува авторот на статијата. 

Како што рекол главниот командант на Воздушно-космичките сили на Русија, Сергеј Суровкин, "S-500" е првата генерација на вселенски одбранбен систем.

"S-500" може да ги уништи речиси сите постоечки и потенцијални воздушни мети во блиската вселена и во атмосферата, поради што е во состојба да реши прашања од стратешка ракетна одбрана. Освен тоа, станува збор за мобилен систем, што значи дека брзо може да се префрли во било која загрозена насока - рекол директорот на Центарот за анализа на светската трговија на оружје Игор Коротченко, пишува порталот и претпоставува дека системот би можел да се вброи во составот ма вооружување веќе оваа година.

Авторот на статијата потсетува дека кинеските експерти во 2019-та година претпоставиле дека "S-500" ќе биде еден од најнапредните борбени системи во Русија, а можеби и во целиот свет. Дометот на системот е 600 километри, што наведува на претпоставка дека може да се користи и за заштита од метеорити и други небесни тела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг