Инфлуенсерка покажала каков апартман ја дочекал во Хрватска: „Ова чини 83 евра? Каков грабеж!“

Точка

09/07/2020

16:15

4.987

Големина на фонт

а а а

Блогерката Саомаи од Виена, на социјалната мрежа ТикТок има 213 илјади следбеници, па на сите им покажала дека ја посетила Хрватска, а воедно споделила и видеа.

Имено, во текот на посетата на Брсеч, таа изнајмила апартман во кој што ноќевање чини 83 евра.

Таа не криела дека апартманот воопшто не ѝ се допаднал, па поради тоа наместо во него одлучила да спие на плажа.

„Вчера бев бездомничка, ќе ви кажам и зошто. Го посетив прекрасното гратче Брсеч, а погледнете каков апартман ме дочека. Може ли да верувате дека ова чини 83 евра, каков грабеж“ - изјавила таа во видеото во кое што го покажува апартманот во кој што во една просторија има необичен брачен кревет и кујна.

Иако девојката била толку многу разочарана од апартманот, сепак нашла решение, па олучила да спие на плажа, а своето воодушевување не го криела на снимката:

„Сепак, на плажата убаво се наспав“ - заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг