Последните зборови на Џорџ Флојд: "Мамо, те сакам, кажете им на децата дека ги сакам. Мртов сум"

Точка

09/07/2020

15:32

2.275

Големина на фонт

а а а

Четворица полицајци се соочиле со Флојд пред продавница во Минеаполис во Минесота, каде тој наводно искористил фалсификувани 20 долари за да купи цигари.

Полицаецот осомничен за убиството на Џорџ Флојд му кажал на Афроамериканецот дека "за зборување е потребен многу кислород", додека Флојд повеќе од 20 пати во текот на апсењето рекол дека не може да диши. 

Четворица полицајци се соочиле со Флојд пред продавница во Минеаполис во Минесота, каде тој наводно искористил фалсификувани 20 долари за да купи цигари.

Транскриптот од снимката од апсењето покажал дека Флојд рекол "дека ќе го убијат", откако полицаецот Дерек Човин клечел на неговиот врат повеќе од осум минути, пишува "Sky News".

Смртта на овој Американец довела до серија протести ширум земјата, но и светот, откако снимката се раширила на интернет.

Човин е осомничен за убиство од втор степен, откако Флојд починал на 25-ти мај. Останатите тројца полицајци, Томас Лејн, Александар Кеонг и То Тао, се осомничени за учество во злосторството.

Транскриптот кој бил покажан пред судот во Минесота настанал на основа на снимките од камерите кои им припаѓале на Лејн и Куенг. Објавен бил откако адвокатите на Лејн побарале обвинението против него да биде повлечено.

"Ќе ме убиете, човеку", рекол невооружениот Афроамериканец.

"Тогаш престани да зборуваш, престани да викаш. Потребен е многу кислород за зборување", одговорил Човин.

Флојд исто така ги споменал своите деца и починатата мајка.

Транскриптот покажал, додава "Sky News", дека Флојд соработувал и дека им се извинил неколку пати на полицајците кои приоѓале до неговиот автомобил.

"Не можам да верувам, човеку. Мамо, те сакам. Те сакам. Кажете им на моите деца дека ги сакам. Мртов сум", се слуша Флојд.

Откако неколку пати кажал дека не може да диши, Лејн го прашал Човин дали да го "поместат на страна".

"Не, останува каде што е", одговорил Човин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг