Машините преземаат команда: Маск најавил автомобили кои возат без никакво учество на возачите

Точка

09/07/2020

15:01

930

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на американскиот произведувач на електрични автомобили "Тесла", Илон Маск, изјавил денес дека неговата компанија е многу блиску до петто ниво на технологија за автономно возење, што на возилата им овозможува да се движат без никакво учество на возач.

"Уверен сум дека петтото ниво, односно суштински целосната автономија, ќе стане реалност, и мислам дека тоа ќе се случи многу брзо", изјавил Маск преку видео порака на отворањето на овогодишната Светска конференција за вештачка интелигенција во Шангај. 

"И натаму сум уверен дека основните функции за петтото ниво на автономија ќе се комплетираат оваа година", рекол Маск, пренесува "Reuters".

Меѓутоа, претставниците на автомобилската индустрија истакнале дека за достигнувањето на целосна подготвеност на технологијата за автономно возење за употреба, како и целосна доверба на јавноста во неа, ќе биде потребно време, наведува агенцијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг