Ужас во Турција: Експлозијата убила тројца полицајци, шестмина ранети

Точка

09/07/2020

14:51

1.365

Големина на фонт

а а а

При експлозија во камион кој пренесувал пиротехнички и експлозивни средства на северозападот на Турција загинале тројца полицајци, а шестмина биле ранети.

Пиротехничките средства биле пренесувани од фабрика за да бидат уништени во контролирана експлозија во Сакарија, соопштило министерството за внатрешни работи, пренесува "AP". 

Материјалот експлодирал при изнесувањето од камионот, а двајца загинати биле од тимот од воената полиција за деактивирање на експлозиви.

##https://twitter.com/Mrtdogg/status/1281174900326219777?s=20##

Материјалот потекнува од истата фабрика во која во експлозија пред една недела загинале седум лица, а повредени биле повеќе од 120.

Сопственикот на фабриката и четворица вработени биле уапсени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг