Заев за разговорот со лажната Грета: Знаевме дека се пранкстери и ги оставивме да зборуваат

Точка

09/07/2020

14:37

4.064

Големина на фонт

а а а

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврди дека препознал дека разговара со лажна Грета Тунберг и затоа во телефонскиот разговор повеќето од времето молчи.

Од Владата информираа за разговорот на Заев со „пранкерите“ во ноември минатата година кога првиот човек на СДСМ беше премиер и истиот го опишаа како хибриден напад. Од друга страна, Заев тврди дека во Владата успеале да препознаат дека станува збор за измама.

„Во разговорот повеќето од времето молчам затоа што во текот на разговорите тоа го препознавме и оставивме да зборуваат комплетно за да можеме веднаш тоа да го објавиме. Го информиравме и семејството на Грета и тие беа згрозени од злоупотребата на идентиетот на славните личности“, изјави Зоран Заев и додаде:

„Во разговорите јас стојам на нашите државни ставови тогаш кога зборувам официјално и јавно, но она што е важно е што овој обид за манипулација од вакви пранкери беше веќе фатен благодарение на протоколите што ги воспоставивме после првиот ваков случај што се случи во нашата земја“, изјави Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг