Барселона вчера со многу мака го скрши отпорот на Еспањол и остана во трката за титулата, но минималниот триумф од 1:0 на „Камп Ноу“, за лутиот градски ривал и официјално значеше испаѓање од шпанската елита.
Еспањол ја заокружи ужасната сезона со математичко испаѓање на најнепосакуваното гостување, а во вип ложата на трибините имаше и едно лице кое посебно и привлече внимание на јавноста поради историјата која ја носи со себе.
Раул Тамудо пред 13 години и ја одзема титулата на Барселона откако во 89-та минута постигна гол за 2:2 на „Камп Ноу“, натпревар кој беше од рамките на претпоследното коло во Примера во кое каталонскиот гигант испушти златна шанса за титула.
Во последното коло Барса и Реал влегоа со исти освоени бодови токму поради голот на Тамудо, а откако двата фаворити победија, Реал ја освои титулата поради подобриот меѓусебен дуел.
Сепак, Тамудо го стигна кармата 13 години подоцна, бидејќи вчера како директорт на Еспањол мораше да гледа како испаѓа неговиот тим во Сегунда по 27 години, и тоа на теренот кој досега го паметеше по добро.
Raúl Tamudo ha vivido momentos mejores que este en el Camp Nou. El Espanyol desciende a Segunda 27 años después. pic.twitter.com/KdvHgrylav
— Germán R. Abril (@gerebit0) July 8, 2020