„Еко Герила“: Гостиварци се трујат од нереализираните ветувања за депонијата

Макфакс

09/07/2020

14:17

946

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 15 години владата ветува дека ќе го реши проблемот со менаџирањето на отпадот во Полошкиот регион, но овој проблем и натаму останува без епилог, велат од движењето „Еко герила“.

„Цената на овој неуспех овие денови го плаќаат жителите на Гостивар, кои во време на пандемија се принудени да дишат загаден воздух, поради пожарот што гори во регионалната депонија Русино, во близина на Гостивар. Граѓаните со право се жалат на масовното труење предизвикано од неспособноста на владата да го реши овој стар проблем“, се наведува во соопштението.

„Еко Герила“ го поддржува барањето на граѓаните да се организираат за заштита од ова труење и ги охрабрува да постапуваат во согласност со законите и праватa за организирање, почитувајќи ги мерките за лична заштита во време на пандемија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг