Михајловиќ збесна и доби исклучување: Му го кажав на судијата она што не сака да го чуе

Дерби

09/07/2020

10:27

2.287

Големина на фонт

а а а

По големата победа која ја оствари над Интер, Болоња изминатава вечер на домашен терен загуби со 1:2 од Сасуоло, натпревар на кој избраниците на Синиша Михајловиќ беа во подредена улога во текот на сите 90 минути.

Сасуоло долго време имаше сигурно водство од 0:2 и само во самиот финиш Бароу се погрижи за почесен гол за домаќините, а претходно Синиша Михајловиќ ги загуби нервите и имаше бесен излив на емоции по кој заработи исклучување.

Ова беше прв црвен картон за Миха по враќањето во нормала по тешката болест која ја надмина, но покрај тоа што беше бесен за изданието на неговиот тим, Србинот беше огорчен и од односот на телевизијата „Скај“, па реши на новинарот да му одржи лекција.

– Денеска нема да одговорам никакви прашање, седи тука и ќе ти кажам што имам да кажам. Сасуоло играше подобро од нас, работеа понапорно од нас, беа побрзи, се движеа подобро и тоа е во ред. Јас бев праведно исклучен поради тоа што му кажав на судијата каде треба да оди. Му го кажав тоа што не сакаше да го чуе. Се налутив бидејќи ние сме тим со најмногу картони во Италија и луѓето не гледаат како да имаме 11 убијци во тимот.

– Исто така, претходното коло вашата телевизија постојано зборуваше за Интер. Зборуваа за Интер час и половина и никој не ја спомна Болоња. Тоа беше срамно, вистински срам. Ние заслуживме пофалба за победата, но наместо тоа, бевме комлетно игнорирани. Толку од мене, готов сум, – порача Миха и си замина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг