Федерер: Блиску е крајот, многу ќе ми недостасува тенисот

Макфакс

09/07/2020

10:24

1.156

Големина на фонт

а а а

Рожер Федерер е години е меѓу најдобрите тенисери на светот, ас кој е број еден според освоени грен слем титули, но се што е убаво мора еднаш да заврши, па Швајцарецот е повеќе од свесен дека се ближи крајот на неговата кариера.

Тој наредниот месец ќе наполни 39 години, па веќе јавно истакна дека размислува за повлекување од белиот спорт.

- Се ближи крајот на мојата кариера, многу ќе ми недостасува тенисот. Секако дека е полесно веднаш да се објави крај, ама не – и понатаму сакам да си дозволам да уживам во оваа игра – истакна Федерер кој во досегашното активно патување има освоено 103 АТП титули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг