Нова снимка од полициското насилство во Србија: Полицајци дивјачки удрија момче и му го фрлија велосипедот

Точка

09/07/2020

10:22

2.017

Големина на фонт

а а а

Социјалните мрежи се исполнети со снимки од насилствата кои и синоќа избија на улиците во повеќе српски градови.

Ситуацијата беше најтензична во Белград, но против најавените рестриктивни мерки и власта на Александар Вучиќ се протестираше и во други градови ширум Србија. Снимка од Нови Сад стана вирална и ја шокираше Србија - на видеото може да се види како момче вози велосипед на страна од улицата зад групата на полицајците.

Ненадејно, еден полицаец грубо го сруши момчето од велосипедот, а друг веднаш дотрча, го удри со нога и го фрли неговиот велосипед.

На социјалните мрежи кружат информации дека нападнатото момче е малолетно, а некои тврдат дека го знаат идентитетот на полицаецот кој го удри момчето додека беспомошно седеше на тротоарот.

Протестите кои избија во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагујевац и синоќа станаа насилни, а од Министерството за внатрешни работи соопштија дека најмалку 19 полицајци се повредени.


Не пропуштајте: Ова е режим: Десетина полицајци брутално претепаа демонстрант кој немоќно лежеше на асфалтот

Неколку српски медиуми пренесуваат дека нивни новинарски екипи се нападнати од полицијата, а беа објавени и други снимки од полициската бруталност. Во нередите настрада и познатиот актер и лидер на Движењето на слободните граѓани, Сергеј Трифуновиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг