Словенците ја запалија Меланија на Денот на независноста: Познатиот споменик во нејзиното родно место во пламен

Точка

09/07/2020

09:37

2.670

Големина на фонт

а а а

Дрвената статуа на првата дама на САД, Меланија Трамп во близина на нејзиниот роден град Севница во Словенија е запалена, а потоа и отстранета.

Американскиот уметник Бред Дауни, кој ја осмисли и нарача скулптурата изјави дека таа била запалена на 4-ти јули, односно на Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

Статуата која е во природна големина на Меланија беше подигната во јули минатата година. Беше изработена од локалниот уметник Алес Зупевц по нарачка на Дауни.

Локалните жители, иако се горди на фактот што нивна сограѓанка е прва дама на најмоќната земја на светот, сепак не беа задоволни од дрвената статуа, нарекувајќи ја „срамна“ и споредувајќи ја со Штрумфета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг