Американците тврдат: Ким и натаму произведува нуклеарно вооружување!

Точка

09/07/2020

09:10

1.084

Големина на фонт

а а а

На новите сателитски снимки била забележана активност во непријавена постројка за која истражувачите се сомневаат дека севернокорејските власти развиваат нуклеарни боеви глави.

Снимките на компанијата „Планет Лабс“ ги анализирале експерти на Институтот за меѓународни студии во Мидлбери кои веруваат дека објектот се наоѓа во селото Воло-Ри недалеку од Пјонгјанг. Според нив, објектот е поврзан со севернокорејската нуклеарна програма и натаму е активен.

„Постројката ги има сите обележја на севернокорејска нуклеарна постројка, како што се безбедносни мерки, капацитети за сместување и подземни објекти. Покрај тоа, се наоѓа покрај фабрика за флаширана вода која нема ниту една од тие карактеристики“, изјави Џефри Луис, професор на Институто во Мидлбери кој го подготвува извештајот.


Тој додава дека постројката е многу активна и работата не била забавувана ниту кога траеле нуклеарните преговори помеѓу Северна Кореја и САД, кои инаку сега се во застој.

„Тие и натаму произведуваат нуклеарно оружје“, изави професорот Луис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг