Хорор во Лондон: Кран висок 20 метри преполовил куќа во центарот на градот

Точка

08/07/2020

20:26

2.433

Големина на фонт

а а а

Едно лице е затрупано, а четири се повредени во Лондон откако денеска кран висок 20 метри се срушил врз стамбена зграда во изградба и врз две соседни куќи.

Пожарникарната служба во Лондон навела дека спасувачите со специјална опрема ги прегледале рушевините во рамки на 'сложената операција за спасување'.

Брзата помош на Лондон навела дека од четирите повредени лица, две се сместени во болница со повреди на главата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг