Група луѓе собрани на протестот во Белград го нападнаа актерот Сергеј Трифуновиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани.
Нападот се случил во близина на Собранието, а на социјалните мрежи се појавија снимки од бркотницата и повредениот Трифуновиќ.
Како што пренесуваат репортерите од местото на настанот, се забележало брзо движење во толпата, а според очевидци група луѓе со ремени го бркалке Трифуновиќ, бркајќи го од протестот пред Собранието.
Едно од видеата објавено на „Твитер“ го покажува Трифуновиќ како бега и во главата добива удар со фотоапарат.
Се појавија и снимки од повредениот Трифуновиќ, со раскрвавена глава.
Според медиумите, биле протерани и други членови на Движењето на слободни граѓани, а поединци истурале пиво на нив.
Трифуновиќ наскоро по инцидентот објави фотографија на Инстаграм со порака:
Član @pokretslobodnih @Aledar989 napustio proteste nakon što su @WhistlerDick nasilno oterali sa istih pic.twitter.com/A7hGMVFJxM
— nova.rs (@novarsonline) July 8, 2020
„Левијатан и поданици на службите. Ништо страшно, храбри како и секогаш кога има многу од нив. Жив, здрав, сè е во ред“.
Александар Радовановиќ, член на Извршниот одбор на Движењето на слободни граѓани, рече дека бил нападнат од „фашистички г***a“.
„Дојдовме на протестот и Сергеј отиде во првите редови да пренесува во живо. Потоа, група на фашистички г***а го нападнаа“, рече Радовановиќ.