Шајло требало да си отиде од кај Анџелина и да почне живот со Бред, но еве што ги сменило плановите!

Точка

08/07/2020

19:21

4.524

Големина на фонт

а а а

Шајло, тренасродовата ќерка на Аџелина и Бред, требало да започне живот само со татко ѝ.

Меѓутоа, според пишувањата на еден странски магазин, сега решила да ги напушти мајката и таткото и да започне самостоен живот.

Наводно, бидејќи актерскиот пар сè уште не се договорил околу старателството над неа и останатите деца, Шајло сакала да се тргне од сè и да оди во Спрингфилд (Мисури), кај родителите на татко ѝ.


„Шајло сака нормален живот, а баба ѝ и дедо ѝ сигурно ќе ја прифатат со раширени раце. Неа ѝ е потребен цврст карактер кој ќе се грижи за неа и кај нив ќе го има тоа“, тврди изворот, и додава дека на Анџелина таа идеја нималку не ѝ се допаѓа.

Од друга страна, Бред ја поддржува ќерката, бидејќи смета дека би требало барем да добие прилика летото да го помине со баба и дедо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг