Пеп Гвардиола не е сигурен дека една ѕвезда на тимот ќе продолжи да игра и следната сезона

Дерби

08/07/2020

18:31

1.787

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола јавно истакна дека не е сигурен дали еден од фудбалерите за кои беа издвоени големи пари ќе остане на „Итихад“ и по крајот на оваа сезона.

Станува збор за 26 годишниот дефанзивец Џон Стоунс кој се поврзува со заминување од Манчестер Сити и враќање во неговиот Евертон.

Гвардиола потврди дека не е сигурен дека Стоунс ќе остане во клубот и покрај тоа што негова желба е дефанзивецот да продолжи да игра за „граѓаните“.

– Сакам да го избере најдоброто за него, а на крајот на сезоната ќе зборуваме за тоа што ќе се случи затоа што понекогаш мојата желба не е желба на фудбалерите или желба на раководните лица на клубот.

– Јас сум искрен во секој момент и го кажувам она што го мислам, не само во ситуацијата со Џон, туку и со сите играчи. Ако некој мора да замине, му го кажуваме тоа, -изјави Гвардиола.

Освен поранешниот клуб Евертон, за Џон Стоунс постои интерес и од тимот на Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг