Меркел: На земјите од Западен Балкан да им се даде јасна перспектива за членство во ЕУ

Точка

08/07/2020

21:19

3.230

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел во Европскиот парламент ја образоложила програмата на германското претседателство на ЕУ и истакнала дека треба да се "стреми кон напредок за земјите од Западен Балкан на кои треба да им се даде перспектива за влез во членството".

Канцеларката Меркел навела дека Германија, како претседавач на ЕУ, до крајот на годината ќе тежнее кон започнување на преговори за членство со Северна Македонија и "во краен случај и со Албанија", а повторила дека е важно и партнерство со Африка, посебно кога станува збор за мигрантите. 

Ангела Меркел рекла дека Европската унија мора да делува одлучно и солидарно, помагајќи им најмногу на оние земји кои се најтешко погодени од последиците на пандемијата на коронавирусот и посебно ја истакнала важноста на усвојување на голем финансиски план за поддршка од 750 милијарди евра, на што многу придонеле Германија, Франција и Европската комисија, со помош која цела Унија ќе ја добие од повеќегодишниот буџет од преку илјада милијарди евра.

"На Европската унија и е потребна силна надворешна и безбедносна политика во моментот кога Европа и светот преживуваат големи потреси и промени", рекла германската канцеларка и ставила до знаење дека на Европската унија и е потребно трансатлантско партнерство со Америка.

Но, како што укажала Ангела Меркел, "станува збор за трансатлантско сојузништво чии членки се европските земји и во кое тие многу повеќе да сметаат на самите себе".

"Светскиот поредок се менува го неверојатна брзина и пред нас е избор за тоа каква Европа сакаме, дали сакаме Европа со слобода на идентитетот во период на глобализација", истакнала таа.

Европа мора до 2050-та година да има законска обврска да ја заштити животната средина, со преоѓање на економија и енергетика без загадување на околината, додала таа.

Ангела Меркел како трет приоритет на германското претседавање на Унијата нагласила темелно преоѓање на дигитална, нумеричка економија, предочувајќи дека луѓето во Европа не смеат никако да се плашат дека со тоа ќе бидат жртвувани милиони работни места, туку напротив - ќе има безбедност за цела ЕУ.

Германската канцеларка објаснила дека Европа последните години се соочила со голема зависност од другите светски центри кога станува збор за дигитална, нумеричка технологија, а потребите нагло пораснале.

"Затоа е животно важно Европа да стекне нумерички, дигитален суверенитет кога станува збор за вештачката интелигенција, квантната физика...а затоа мораме да направиме и своја одбрана од сајбер криминал и кампањите за дезинформации", ставила Меркел до знаење.

И, како што посочила, на демократијата и е потребна вистина и отворен увид во случувањата, со што ќе се оневозможат лагите и популизмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг