Не е сеедно во кој момент ја солиме храната: Еве кога треба да се додаде намирницата

Точка

08/07/2020

16:22

3.235

Големина на фонт

а а а

Не е сеедно во кој момент ја солиме храната за време на нејзината подготовка, ниту пак тоа време е исто за сите намирници.

Пред готвењето треба да го посолите оризот, тестенините и месото, додека грашакот и печурките треба да ги посолите по готвењето, а за кромидот не е важно.


Еве и зошто: оризот, како и тестенините, ја апсорбира солена вода за време на готвењето и омекнува. Месото треба да се посоли пред термичка обработка, бидејќи тоа за време на подготовката ги собира и ги впива вкусовите, па многу подобро ќе ги апсорбира зачините ако веднаш посолиме.

Грашакот ќе го готвиме подолго ако веднаш го посолиме, затоа солта се додава на крајот. Богати со вода, печурките треба да се посолат на крајот, бидејќи во спротивно прерано го испуштаат сокот и стануваат 'гумени'.


Кога станува збор за кромидот, ако сакаме да биде крцкав и жолтеникав, сол се додава на крајот од пржењето, а ако нѝ е потребен помек, го посолуваме на почетокот на подготовката, а со тоа ќе се задржи светлата боја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг