Елмас ќе потпише нов договор со Наполи

Макфакс

08/07/2020

15:44

1.522

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го продолжи договорот со Наполи. Елмас зад себе има одлилна сезона, одлично се вклопи во тимот, поради што клубот ќе го награди со нов договор.

Елмас минатото лето за сума од 16 милиони евра од Фенербахче пристигна во Наполи. и потпиша договор до јуни 2024 година.

Иницијатор на трансферот беше тогашниот тренер Карло Анчелоти. Позициите кои ги имаше кај Анчелоти Елмас ги задржа и кај новиот тренер Џенаро Гатузо.

Како што пишуваат италијанските медиуми клубот на Елмас, Калиду Кулибали и Никола Максимовиќ им понудил нови договори.

Македонскиот репрезентативец ќе го продолжи договорот на уште една година, што значи дека на „Сан Паоло“ ќе остане до крајот на сезоната 2025.



Спонзорирани линкови

Маркетинг