“Јас, Енио Мориконе, починав”: Композиторот напишал проштално писмо, со овие зборови им се обратил на најблиските

Точка

08/07/2020

15:51

5.547

Големина на фонт

а а а

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе напишал проштално писмо неколку дена пред да почине, а истото беше вчера објавено во италијанскиот печат.

Прошталното писмо започнува со едноставна реченица: “Јас, Енио Мориконе, починав” и продолжува: 

“За тоа ги известувам сите блиски пријатели кои беа покрај мене, но и оние подалечните кои не сум ги видел долго време. Ги поздравувам со голема наклонетост. Невозможно е да се набројат сите поединци. Сепак сакам да ги споменам колегата Пепучио (режисерот Џузепе Торнаторе) и неговта сопруга Роберта кои беа особено присутни во последните денови од мојот живот”, напишал композиторот.

Во продолжение, тој објаснил зошто се одлучил на ваков крајно необичен потег.

“Не сакам никого да вознемирувам. Само од оваа причина решив да го испратам моето последно “збогум” до сите вас и да бидам погребан во најтесниот круг. Со голема љубов им велам “збогум” и на Инес, Лаура, Сара, Енцо и Норберт. Им се заблагодарувам што делеа голем дел од мојот живот со мене и моето семејство”, пишува во писмото.

Мориконе им се обратил и на своите најблиски:

“Сакам да се сеќавам со љубов на моите сестри Адријана, Марија и Франка и нивните сакани, како и да им дадам до знаење колку ги сакав. Силно, целосно и длабоко “збогум” на моите деца Марко, Алесандра, Андреа и Џовани, снаата Моника, внуците Франческа, Валентина, Франческо и Лука. Се надевам дека ќе разберат колку ги сакав”, напишал Енио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг