Необично суштество се појавило на плажа, луѓето едногласни: „Тоа вреди многу, стави го на „eBay““

Точка

08/07/2020

16:12

2.669

Големина на фонт

а а а

На плажата во австралиски Квинсленд се појавило чудно морско суштество, а некои од луѓето веднаш забележале дека станува збор за нешто вредно.

Некоја жена на социјалните мрежи споделила фотографија од необичното суштество кое што се појавило на плажата во Hervey Bay и ги прашала луѓето што мислат дали станува збор за некаква опасна риба.

Но, многумина помислите дека станува збор за Ambergris, цврста и запаллива материја со сива или црна боја која што се создава во дигестивниот ситем на китовите.

Ова нешто е вредно околу 20 долари по грам.


Пред неколку години, семејство во Австралија открило Ambergris кој што го процениле на над еден милион долари вредност.

Истата година, 2016-та, тројца рибари во Индија извлекле од морето 80 килограми ''пловечко злато'', вредно 2.5 милиони долари.

На жената која што ја објавила фотографијата корисниците ѝ порачале дa го земе тоа од плажата и да го постави на „eBay“.

„Ова вреди многу“ - бил еден од коментарите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг