Сите спиеме на овој начин и сме биле во право: Еве научно објаснување зошто ја држиме барем едната нога надвор од прекривката

Точка

08/07/2020

14:42

2.018

Големина на фонт

а а а

Понекогаш сите имаме потешкотии да заспиеме, а секој од нас има омилена поза во која најлесно потонува во сон.

Додека едни ја ставаат раката под перницата, други не можат да спијат на грб, се чини дека сите имаме една заедничка работа – ја чуваме ногата надвор од прекривката за да ја регулираме температурата. 

Идеалната собна температура за спиење е 18 Целзиусови степени, а со едната непокриена нога навистина ја регулираме телесната температура.

Нашите стапала се всушност совршен механизам за ладење. Според експертите за спиење, тие имаат посебна васкуларна структура која не ја поседува ниту еден друг дел на телото. Имени, артериите и вените се шират кога нѝ е топло, па се пумпа поголема количина на крв која доаѓа на површината на кожата и на тој начин ја разладува.


Покрај тоа, стапалата немаат влакна, па затоа остануваат ладни во текот на ноќта. Поради тоа нашата телесна температура се урамнотежува, па можеме мирно да спиеме.

За да заспиеме потребно е телесната температура да се намали за половина или еден Целзиусов степен. Тоа е причината зошто нѝ е тешко да заспиеме кога нѝ е топло во просторијата. Клучно е во текот на ноќта да се “разладиме”, а држењето на стапалата надвор од прекривката може да биде сосема доволно. Колку побрзо ви се разлади телото, толку побрзо ќе можете да заспиете.

Со доаѓањето на топлите денови, многумина се во дилема дали да спијат покриени или не, а откривањето на стапалата додека остатокот од телото ви е покриен може да биде совршено решение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг