Марка: Реал нема да купува во преодниот рок

Макфакс

08/07/2020

12:22

1.334

Големина на фонт

а а а

Поради финансиската криза што ја предизвика коронавирусот Реал Мадрид во преодниот рок нема намера да купува нови играчи. Планот на клубот е да го растовари буџетот со продажбата на неколку фудбалери.

Во Реал се надеваат дека со продажбата на уште четворица фудбалери би можеле да заработат уште 200 милиони евра, објави „Марка“ со напомена дека веќе заработиле 45 милиони евра од трансферот на Ашраф Хакими во Интер.

Играчите кои Реал ќе се обиде да ги продаде се Хамес Родригез, Герет Бејл, Марсело и Лукас Васкез. На оваа листа сигурно ќе се најдат и напаѓачот Маријано Дијаз односно Дани Себаљос кој е позајмен во Арсенал.

Договорт на Родригез истекува за една година, Бејл има договор уште две години. Овие двајца сезонава ретко играат.

„Марка“ тврди дека двајцата можат да заминат за сума од 25 милиони евра. Интерес за Бејл покажуваат Манчестер Јунајтед, Арсенал и Евертон, додека Родригез изразил желба да остане во Шпанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг