Ибрахимовиќ: Јас сум претседател, играч и тренер

Макфакс

08/07/2020

11:34

1.920

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на вниманието поради својата партија во блескавата победа на Милан над Јувентус (4:2). Милан славеше над актуелниот шампион иако до 62 минута на семафорот стоеше резултатот 0:2.

Пресвртот на Милан го најави токму Ибрахимовиќ кој постигна гол од пенал.

„Јас сум стар, тоа не е никаква тајна. Но годините се само број. Работам добро, во добра форма се наоѓам, денес играв повеќе него на минатиот натпревар. Се чувствувам добро, се обидувам да му помогнам на тимот во секој поглед“, рекол Ибрахимовиќ за „ДАЗН“.

Поранешниот шведски репрезентативец кога излезе од игра константно ги советуваше своите соиграчи, поради што го доби и прашањето дали е подготвен за тренерската работа.

„Јас сум претседател, играч и тренер! Негативно е само што сум платен да бидам играч. Да бев овде од првиот ден во сезоната ќе ја освоевме титулата.“.

Ибрахимовиќ не сакал директно да одговори дали и наредната сезона ќе остане во Милан порачал само дека ужива во Милано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг