Од изолирани, стрмни и непрегледни планински патишта до автопати на кои што непрекинато расте бројот на жртвите – овие рути најверојатно би сакале да ги избегнете во животот.
Боливија е земја во која што возачите се ''молат'' нивните автомобили успешно да го преминат патот кој што е долг 69 километри и широк само 3.2 метри, без никаква заштитна ограда. Се проценува дека таму годишно страдаат од 200 до 300 луѓе.
Суровите планински временски услови во комбинација со големиот број стрмни кривини го прават овој пат на Андите еден од најопасните во светот.
Од погледот кон овој стрмен, исклучително тесен пат со голем број кривини на возачите им се ''врти во главите''. Голем број опасности се појавуваат на овој пат.
Овој автопат се карактеризира со вртоглави висини, стрмни кривини, а заспивањето на возачите кога поминуваат по него е честа и редовна појава која што некогаш знае да заврши фатално.
Доколку некогаш мора да поминувате по овој автопат, тогаш задолжително мора да си обезбедите животно осигурување и да се подготвите за неверојатните висини на Хималаите.
Патот е тесен, без никаква заштитна ограда, а најчеста појава која што се случува таму е лизгање на земјиштето.