Полицијата брутално тепа демонстранти кои седат на клупа: Најмалку 20 повредени на протестите во Белград

Точка

08/07/2020

12:17

4.114

Големина на фонт

а а а

Најмалку 20 повредени е билансот на синоќешните протести во српската престолнина откако граѓаните излегоа на улиците да го изразат својот револт поради најавеното воведување на полициски час.

Судирите помеѓу полицијата и демонстрантите траеја со часови, меѓутоа мал број на медиуми во Србија известуваа за тоа. Ситуацијата ескалираше откако демонстрантите упаднаа во зградата на Собранието, по што полицијата експресно доби големо засилување.

На белградските улици пристигнаа голем број на припадници на полицијата, активирана беше и коњаницата, а демонстрантите беа растерани со пендреци, солзавец и шок бомби.

Бројните камери кои ги снимаа наредите забележаа и момент кој ја шокираше нацијата - полицајци брутално нападнаа неколку демонстранти кои мирно седеа на клупа во близина на Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг