Видео: Хаос во Белград - полицијата исфрли демонстранти од српското Собрание

Точка

07/07/2020

23:50

4.609

Големина на фонт

а а а

Граѓаните кои се собраа вечерва пред српскиот парламент и се незадоволни од повторното воведување полициски час, ги пробија вратите на парламентот и влегоа во зградата.

Полицијата со пендреци по 10 минути ги исфрли демонстрантите од парламентот.

Над стотици граѓани се собраа вечерва на раскрсницата на улиците Таковска, Кнез Милош и Булеварот Крал Александар по најавата дека во петок ќе биде воведен полициски час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Граѓаните го запреа сообраќајот во близина на платото пред Собранието на Србија.

Дел од демонстрантите прскаат вода, а некои фрлале факели додека насилно влегувале во Собранието. Друг дел удираат во тенџериња, свират и скандираат „Уапсете го Вучиќ“, Вучиќу лопове“, „Оставки“… Според некои медиуми, кон собраниската зграда се упатиле и студентите. 

Инаку, протестот започнал откако доцна попладнево претседателот Александар Вучиќ најави дека ќе се вратат рестриктивните мерки, како забрана за групирање на повеќе од пет лица, но и полициски час во Белград од петок од 18 часот до понеделник до 5 часот наутро. Вучиќ рече дека конечната одлука ќе ја има Кризниот штаб, а неговиот личен став е дека полицискиот час треба да важи за цела Србија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг