Остро казнети: Се сончале голи на плажа, 'нарушувајќи го јавното достоинство'

Точка

07/07/2020

22:02

3.984

Големина на фонт

а а а

Шест лица кои се сончале голи и се капеле на крајбрежјето на езерото Комо на север во Италија, се казнети со по 3.333 евра поради 'нарушување на јавното достоинство'.

Полицијата во неделата забележала мажи на возраст од 43 до 68 години на плажа на исток на езерото, пренесува „BBC“.

На плажата на езерото Комо имало околу 70 лица, воглавно посетители од Јужна Америка и источна Европа, како и од околните италијански провинции.


Италијанската покраина Ломбардија, во која се наоѓа езерото Комо, најтешко е погодена од епидемијата на Ковид-19, а иако мерките постепено се ублажуваат, и понатаму е на сила носењето заштитни маски.

Италијанските медиуми пренеле дека мажите само не заборавиле да носат маски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг