Омилен летен рецепт - капучино сладолед торта

Точка

07/07/2020

21:46

2.927

Големина на фонт

а а а

Доколу сте љубител на сладолед и чоколадо, ова слатко задоволство е вистински избор за вас.

Состојки за подлогата:

- 250 гр. мелени бисквити
- 1 лажица какао во прав
- 80 гр. растопен путер 

Состојки за филот:

- 2 лажици капучино
- 200 гр. крем сирење
- 5 лажици шеќер
- 250 мл. слатка павлака 

Подготовка:

Измешајте ги бисквитите, какаото и путерот во хомогена смеса. Потапкајте ја на дното на тавата. Филот се подготвува така што прво се готви капучиното и потоа се додава лажица инстант кафе. Измешајте го крем сирењето и шеќерот, додадете го свареното кафе и соединете. Во посебен сад додадете ја слатката павлака и измешајте ја со миксер. Соединете со првиот фил. Истурете врз подлогата.

Оставете да се лади, декорирајте по желба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг