Сакала да скокне од покрив во базен, но...

Точка

07/07/2020

20:31

4.190

Големина на фонт

а а а

Група пријатели се собрале за да го прослават 4-ти јули, Денот на независноста во Америка, кога обидот на една девојка да скокне од покривот во базен, завршил многу болно.

На снимката се гледаат жена и маж на покрив, од каде се затрчуваат во обид да скокнат во базен.

Додека на мажот тоа му успева, жената застанува на работ на покривот, а потоа паѓа долу, со нозете удира во уште еден понизок покрив и паѓа во базенот.

##https://twitter.com/jaahmiiin/status/1279897489047343104?s=20##

За среќа, изгледа дека жената е добро, со оглед дека ги крева рацете во воздух веднаш по паѓањето.

Ова е непријатно за гледање, а се надеваме дека следниот пат добро ќе размисли пред да се одлучи за сличен чекор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг