На филери потрошила околу 2.000 долари: „Дури сега изгледам убаво, момците ме сакаат повеќе“

Точка

07/07/2020

19:40

5.022

Големина на фонт

а а а

Анастасија Покресчук, од украинскиот главен град Киев, опседната е со вбризгување хијалуронски филери во образите и, како што рекла за „ITV News“, не планира никогаш да престане со тоа.

Оваа 31-годишна манекенка потрошила повеќе од 2.000 долари на инјекции и вели дека дури сега е задоволна со својот изглед.

„Претходно изгледав како глушец. Имам повеќе самодоверба и добивам повеќе внимание од момците од пред да поработам на изгледот“, рекла таа.

„Претходно имав преголем нос, а сега лицето ми е пропорционално. Усните и образите ми изгледаат поубаво“, додала таа.

Иако е свесна за опасноста што се крие зад оваа опсесија, признава дека премногу сака филери за да престане да ги користи.

View this post on Instagram

Ну шо????

A post shared by Анастасия? (@_just__queen_) on

„Опасно е, но сè правам по препораки на доктор. Процедурата за вбризгување ја научив онлајн. На почетокот бев загрижена, но сега обожувам да го правам тоа.“

Додала и дека нејзината мајка мисли дека тоа е лудо, но дека негативните коментари не ја загрижуваат, бидејќи тоа ѝ се допаѓа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг