Фантастичен успех на лекарите: Раздвоиле сијамски близнаци со споени глави

Точка

07/07/2020

17:55

1.678

Големина на фонт

а а а

Близначките Ервина и Префина се родени во Централноафриканската Република во 2018-та година. Пренесени биле во Рим преку хуманитарната програма болницата "Бамбино Гесу".

Ватиканската детска болница во Рим во вторникот објавила дека лекарите успешно раздвоиле сијамски близнаци со споени надворешни делови од главите. 

Таканаречените "краниопагус близнаци", две девојчиња, имале заеднички дел од коска на главата и церебралниот венски состав. "Тоа е првиот случај во Италија, а веројатно и во светот", соопштила болницата "Бамбино Гесу".

Близначките Ервина и Префина се родени во Централноафриканската Република во 2018-та година. Пренесени биле во Рим преку хуманитарната програма на болницата "Бамбино Гесу". Оперирани биле три пати, во мај и јуни 2019-та година, и во јуни оваа година, кога конечно биле раздвоени. Последната операција траела 18 часа и во неа учествувале повеќе од 30 членови на медицинскиот персонал.

Еден месец подоцна "двете близначки се добро". Уште се во болница, но можат да очекуваат "нормален живот", велат од болницата.

Раздвојувањето на церебралните венски состави бил најголем предизвик. Биле користени огледала за близначките да може да се видат и да се препознаат една со друга пред нивната завршна операција.

Девојчињата на 29-ти јуни со песна и колачиња прославиле две години. Во објавеното видео од прославата, седеле на колениците на својата мајка со завои на главите.

"Краниопагус" близнаците се многу ретки. Болницата "Бамбино Гесу" се знае само за уште два такви случаи кои се успешно оперирани во Лондон, но тие близнаци биле споени со предните, а не страничните делови на главата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг