Точка ТВ: Во овие земји жените ќе добијат основни права на образование, финансии и безбедност дури за 100 години

Точка

07/07/2020

21:03

2.208

Големина на фонт

а а а

Во некои земји на жените им е ускратено правото да работат за плата и да се образоваат, додека редовно трпат физичко и психичко насилство.

Иако е 21 век, жените во многу земји и понатаму живеат во робовласнички услови. Светскиот економски форум утврдил дека со ова темпо на промени, жените ќе стекнат рамноправност дури по 100 години. 

Мерењето на стапката на еднаквост вклучува неколку основни параметри како инклузија – ниво на вклученост на жената во економската, социјална и политичка сфера; безбедност – општа сигурност и изложеност на насилство, како партнерско и организирано и право – ниво на формална и неформална дискриминација кое вклучува и број на родени машки бебиња во однос на женските кои ја надминуваат природната стапка на разлика.

Ова се државите во кои положбата на жените е загрижувачки загрозена:

Јемен по сите параметри е земја во која жените се со најлоша положба. Невработеноста, образованието, пристапот до финансии како и општата дискриминација се на највисоко ниво. Авганистан го следи Јемен во чекор, додека дури и по општата безбедност и организираното насилство е на прво место во светот, а по Авганистан следи Сирија.


Пакистан е најлоша земја според економскиот статус на жената, без права на финансии и образование.

Највисока стапка на необразовани жени има во Нигер, а потоа во Чад, Судан и Мали. Во Јужен Судан дури 47% од жените доживуваат партнерско насилство, а покрај Сирија и Авганистан, Либија е водечка земја на организирано насилство над жените.

Од друга страна, во скандинавските земји жените поседуваат далеку најголема рамноправност.

Извештајот за глобалниот родов јаз покажува дека загрозените жени од земјите во кои немаат права би можеле да живеат достоинствен живот евентуално во наредниот век.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk