Нов Невил на „Олд Трафорд“: Договор со сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед потпиша синот на Фил

Дерби

07/07/2020

13:00

2.022

Големина на фонт

а а а

Од Манчестер Јунајтед објавија дека неколку фудбалери од младинскиот погон се обврзале за први професионални договори.

Така, нов договор со Манчестер Јунајтед потпиша синот на познатиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Невил, Харви.

Харви Невил има 18 години и настапува на десната бековска позиција, исто како неговиот чичко Гери кој остави значителен печат во историјата на Манчестер Јунајтед.

Интересно е тоа што Харви за разлика од неговиот татко и неговиот чичко настапува за репрезентацијата на Ирска.

Харви Невил претходно настапуваше во младинските категории на Валенсија кога неговиот татко и неговиот чичко беа дел од стручниот табор на овој шпански клуб.

Во академијата на клубот има уште еден син на познат фудбалер, а тоа е Чарли Севиџ кој е син на Роби Севиџ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг